Шоубиз
Закажано е ново судење за Алек Болдвин: Му се заканува затворска казна за убиство од небрежност
Откако поротата во Ново Мексико повторно го обвини Алек Болдвин за убиство од небрежност, закажан е датумот на судењето.
Судењето на актерот е закажано за четврток, 1 февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност, откако ја усмрти кинематографката Халина на филмскиот сет. Тоа ќе биде првпат да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува Дејли Мејл.
Тој беше именуван во случајот како Александар Реј Болдвин и обвинет за убиство од небрежност, откако поротата гласаше за негово обвинение на 19 јануари.
Болдвин ја уби кинематограферката Халин Хачинс на сетот на филмот „Rust“ во октомври 2021 година, кога пиштолот користен на сетот бил наполнет со вистински куршуми.
Алек Болдвин и претходно беше обвинет за смртта на Хачинс, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето. Локалните обвинители наведуваат дека дошле до дополнителни факти кои бараат ново судење.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 18 месеци.