Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зејн Малик и Џиџи Хадид повеќе не се заедно, нејзината мајка го обвинува за насилство

Шоубиз

Зејн Малик и Џиџи Хадид повеќе не се заедно, нејзината мајка го обвинува за насилство

Зејн Малик и Џиџи Хадид повеќе не се заедно, нејзината мајка го обвинува за насилство

Популарниот млад пар Џиџи Хадид и Зејн Малик повеќе не се заедно.

Веста за раскинувањето одекна откако мајката на супермоделот, Јоланда, го обвини Малик дека ја удрил за време на расправија.

Јоланда Хадид планира да го пријави случајот во полиција, а пејачот вели дека иако се расправале, тој не ја удрил, но очигледно ситуацијата ескалирала бидејќи изворите тврдат дека Зејн и Џиџи, кои заедно имаат едно дете, повеќе не се заедно.

Парот кој претходната година ја доби ќеркичката Каи, беше во турбулентна врска 6 години. Почнаа да се гледаат во 2015 година, а раскинаа три години подоцна, за по краток период повторно да се смират.

-Категорично негирам дека ја нападнав Јоланда Хадид и за доброто на мојата ќерка, одбивам да споделам повеќе детали. Се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни обвинувања и ќе се насочи кон решавање на овие семејни проблеми во приватност – стои во изјавата на Зејн за TMZ.

Популарниот пејач Зејн Малик се огласи и на социјалните мрежи за контроверзната ситуација.

-Како што сите знаете, јас сум приватна личност и сакам да направам приватна и безбедна околина каде би растела мојата ќерка. Место каде што приватните семејни проблеми нема да бидат достапни за јавноста да ги коментира. Обидувајќи се да го заштитам тој простор за ќерката се согласив да не ги оспорувам гласините кои потекнуваат од расправија што ја имав со член на семејството на мојата партнерка, кој влезе во нашиот дом пред неколку недели додека партнерката не беше дома. Ова беше и уште е приватен проблем, но изгледа дека сега има поделба, и покрај моите обиди да ја вратам мирната семејна околина која ќе ми дозволи да се грижам за мојата ќерка на начин на којшто заслужува. Сепак, се надевам дека сите вклучени во разменувањето погрдни зборови ќе закрепнат и, многу поважно, ќе продолжам да ја заштитувам Каи и да ѝ ја давам приватноста што ја заслужува – напиша Зејн на својот профил на Твитер.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.