Шоубиз
Жизел и Том Брејди официјално се разведоа
Жизел Бундшен и Том Брејди официјално се разведоа по 13 години брак.
Во последните неколку недели многу се пишуваше за неуспешниот брак на супермоделот Жизел Бундшен и американскиот фудбалер Том Брејди, но сега е официјално – парот се разведе. И двајцата ја споделија веста на социјалните мрежи.
-Пред неколку дена, мојата сопруга и јас го финализиравме разводот по 13 години брак. До оваа одлука дојдовме спогодбено и со благодарност за времето поминато заедно. Благословени сме со прекрасни деца кои ќе продолжат да бидат центарот на нашиот свет во секој поглед. Ќе продолжиме да работиме заедно како родители за нашите деца да ја добијат љубовта и вниманието што го заслужуваат. Донесовме одлука да го прекинеме бракот по долго размислување – напиша Брејди.
-Тоа е, се разбира, болно и тешко, како што е за многу луѓе кои секојдневно минуваат низ истото ширум светот. Сепак, си посакуваме само најдобро еден на друг додека ги следиме сите нови поглавја во нашите животи кои допрва треба да бидат напишани. И ние љубезно бараме приватност и почит додека се движиме кон она што ќе дојде во деновите и неделите пред нас. Ви благодарам – додаде тој.
Неговата сега поранешна сопруга сподели слична објава на Инстаграм.
– Се разделивме и иако, се разбира, е тешко да се помине вакво нешто, се чувствувам благословена за времето поминато заедно и секогаш му посакувам само најдобро на Том – објави Жизел.
Уште од самиот почеток беше јасно што стои зад распадот на бракот на навидум идиличната холивудска двојка – себичноста на Брејди. Наводно, разводот настанал затоа што Том му се вратил на американскиот фудбал по 40 дена пензионирање.
Имено, манекенката наводно сакала тој да се повлече од светот на професионалниот американски фудбал, но тој одбил, поради што таа решила да го напушти.
Двојката е во брак од 2009 година. Тие имаат две деца заедно, 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан. Брејди има и 15-годишен син Џек од претходната врска.