Шоубиз
Ѕвездата од „Game of Thrones“ и пејачот Џо Џонас добија второ дете
Актерката Софи Тарнер (26) и пејачот Џо Џонас (32) станаа родители по втор пат, потврди портпаролот на актерката.
Познатиот пар веќе има заедничко дете, девојчето Вила (1), кое за неколку дена ќе наполни две години. Малата Вила неодамна стана постара сестра, но името на новиот член на семејството се уште не е познато.
– Џо и Софи со задоволство го најавуваат доаѓањето на нивното девојче – изјавиле портпаролите на парот за американските медиуми.
Откако долго време ја криеше бременоста од очите на јавноста, актерката во мај за магазинот „Elle“ потврди дека таа и нејзиниот сопруг очекуваат второ дете.
-Сето ова е за мене. Воспитување на нова генерација. Најдоброто нешто за мене е да ја гледам како учи и совладува нови работи. И ние многу се радуваме на проширувањето на семејството. Ова е вистински благослов – истакна таа за британското издание на магазинот „Elle“.
Пејачот од бендот „Jonas Brothers“ на својот Инстаграм сподели слатка монтажа посветена на својата сопруга по повод раѓањето на втората ќерка.
-Почнавме од дното, сега сме тука…Сакам да ја видам вашата љубовна приказна – им порача Џонас на своите следбеници под објавата.