МК Сцена
„Што те нема“ ја пласираше Антониа во следниот круг на „Пинк ѕвездички“ (ВИДЕО)
Што те нема, гром да те убие – Антонија како на Скопски во ’95, пренесува ТВ Пакет.
Уште еднаш моќно. Уште еднаш маестрално. Уште еднаш на чекор до големото суперфинале. Нашата Антонија, учесничка во популарното пинково шоу “Ѕвездички” влезе во понатамошното натпреварување во кое останаа уште околу дваесетина деца.
Таа успеа уште еднаш да го добие восхитот и пофалбите на жирито, благодарение на интерпретацијата на “Што те нема”, песна од Лидија Кочовска, изведена на Скопскиот фестивал во 1995 година.
Не ги пропуштајте “Пинковите ѕвездички” и нашата талентка Антонија во недела на Сител во 21 часот. Уживајте!