Сцена
Синот на Кенди Свонпел стана нова интернет ѕвезда (ФОТО)
Преубавата манекенка и заштитно лице на „Викторија Сикрет“, Кендис Свонпел пред неколку дена објави селфи фотографија со нејзиниот четиримесечен син, кој веднаш го привлече вниманието на социјалните мрежи.
Имено, на фотографијата детето изгледа како да има „набилдани раце“, па корисниците на социјалните мрежи почнаа да се шегуваат дека бебето се „метнало“ на славната мајка, која е позната по преубавото тело и здравиот и спортски живот.
Манекенката (28) покажа дека убаво излгеда и по породувањето, а се зборува дека веќе оваа година планира да се врати на работните обврски со „Викторија Сикрет“.
Таткото на детето, бразилски маникен Херман Никол, во август 2015 година ја побара за жена Кендис, по десет години врска.
Тие се заедно уште кога Кендис имаше само 17 години, а се запозна во Париз. Тие се една од ретките познати двојки кои не се поврзани со ниту еден скандал.