Сцена
Синот на Софија Вергара влегува во модните води
Синот на познатата актерка Софија Вергара, 24-годишниот Маноло Гонзелес деновиве го имаше своето деби во светот на модата.
Маноло, кој досега не беше многу експониран во јавноста, со исклучок на неколкуте појавување во кои ја придружуваше својата мајка на премиерите на нејзините филмови, сега позираше за најновиот број на магазинот „Пејпер“.
Гордата мајка Софија веднаш се пофали со модното деби на нејзиниот син, објавувајќи фотографија од неговата сесија на нејзиниот профил на Инстаграм.
Софија го роди Маноло од нејзиниот прв брак со љубовта од среднишколските денови Џо Гонзалес, за кого се омажи кога имаше само 18 години. Маноло е роден во септември 1992 година, една година пред неговите родители да се разведат.
Софија и Маноло имаат многу близок однос, а тој одлично се согласува и со новиот сопруг на неговата мајка Џо Мањаниело, за кого убавата Колумбијка се омажи пред нешто повеќе од една година.
Маноло во моментов има околу 157.000 следбеници на Инстаграм, но по неговото запловување во модните води се очекува нивниот број драстично да се зголеми, а многумина му предвидуваат и успешна кариера како модел.