Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Синтезис“ го донесе непроценливиот македонски фолклор на „Охридско лето“

МК Сцена

„Синтезис“ го донесе непроценливиот македонски фолклор на „Охридско лето“

Со концерт на најпознатата македонска етно-група „Синтезис“, фестивалот „Охридско лето“ синоќа одбележа 58 години посетоење на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во Македонија.

Во преполната сала на Ценатрот за култура „Григор Прличев“, фестивалот за својот роденден го понуди исконското и непроценливото македонското фолклорно богатство. Репертоарот опфати стари македонски песни стари, заборавени, па дури и досега нечуени народни песни кои се дел од богатото македонско културно наследство. „Јано јадовице“, „Остров“, „Филма мома“, „Ме фатије“, „Во наше село“, беа само дел од традиционалните песни со современ призвук што етно составот ги отпеа пред публиката.

Прекрасната изведба Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска, трите вокали кои пеат во духот на старата македонска традиција надополнети со македонските традиционални, но и современи клавијатурни инструменти создадоа совршен спој на македонските традиционални звуци со современи аранжмански решенија. Посетителите на концертот беа восхитени и од прекрасната изведба на песната „Ој девојче“ на Дарко Билбиловску.

– Во новиот албум „Остров“ што го презентиравме, се обработени песни од егејскиот дел на Македонија. Повторно стари македонски изворни, традиционални песни со модерен призвук за да ја доближиме оваа музика со голема тежина до помладата генерација и до идните поколенија, вели Анета Шуланковска, еден од вокалите на „Синтезис“.

„Синтезис“ е една од најпознатите македонски групи што стекнаа и светска афирмација составена од професионални музичари. Во своето музицирање групата се потпира врз традиционалната македонска музика, но во комбинација со современи аранжмани при што ги употребува речиси сите традиционални македонски инструменти: кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура. Овој музички состав е основан е во 1995 година со цел да ги промовира народните музички вредности на Македонија.

Истражувајќи длабоко во корените на македонското народно музичко наследство, со задржување на основните обележја на традиционалните композиции, и потоа – „облекувајќи“ ги нив во модерни, инвентивни и квалитетни обработки и аранжмани, „Синтезис“ добива најскриени признанија каде и да настапува, во Македонија и во светот.

Како признание за огромниот придонес на „Синтезис“ за афирмација на македонската музичка култура, Стопанската комора на Македонија во 2006 година му ја додели на бендот почесната титула „Амбасадор на македонската култура“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.