Сцена
Скандал во Украина: „Протекоа“ голи фотографии на заменичката министер за внатрешни работи
Украина ја потресе скандал откако на Интернет протекоа голи фотографии на заменичката министер за внатрешни работи.
Анастасија Деева (24) неодамна е именувана за заменик министер во украинското МВР. Таа е задолжена за европска интеграција, а на фотографиите кои се појавија во јавноста покажува голи гради или носи само долна облека.
Минисерот за внатрешни работи Арсен Аваков тврди дека фотографиите се лажни, а дека Анастасија ги поминала сите потребни тестови за оваа должност. Фотографиите настанале за време на студентските денови, наведуваат украинските медиуми, а Анастасија ги чувала на нејзината социјална мрежа, се додека медиумите не ги пронајдоа.