Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје Стрит Фестивал по трет пат ќе ја разбуди мултикултурата во Скопје

Промо

Скопје Стрит Фестивал по трет пат ќе ја разбуди мултикултурата во Скопје

Оваа година, на 5-ти и 6-ти јуни, за трет пат на Скопје ќе му се случи единствениот, отворен и масовен фестивал за млади, Скопје Стрит Фестивал.

Фестивалот е во организација на здружението на граѓани за организирање на настани, Подиум Скопје. Како и минатите години, и на ова трето издание, ќе се зборува за мултикултурата и мултиетничноста и ќе се буди урбаниот пулс на градот.

На Скопје Стрит Фестивал и оваа година ќе има шест стејџа: стрит бол, денс стејџ, графити стејџ, скејт/блејд/БМХ, игло работилници и музички стејџ. Ќе се организираат натпревари на стрит бол и на денс стејџот, a и несекојдневен графити battle.

За првпат во Скопје ќе се организира и отворен Skopje Street Jam, за кој има огромен интерес и од другите земји околу Македонија. Учесници на фестивалот ќе има од Србија, Косово, Албанија, Хрватска.

Скопје Стрит Фестивал праќа порака на обединетост и има за цел да ги оттргне младите од она наметнато секојдневие кое ги задушува, да ги повика во Градски Парк на забава и едукација.

Одличните креативни работилници се уште еден сегмент кој го прави овој фестивал поразличен од останатите. Тие се отворени и се креирани токму од секојдневната улична инспирација. Брејкденс работилница, “Дојди на Custom патика”, Мултикулти работилница ова се само дел од интерактивните работилници на Скопје Стрит Фестивал, 2015.

На главниот музички стејџ одлична листа на музички артисти: незаменливите Бед Копи од Србија, нашиот прогресивен инди поп и кантри бенд Џун, Ана Мало и Еми Ермилова на диџеј пултот, Гоце Саф, Димитри фром Чаир, Чваре, Ya’Man и неверојатната можност да бидете под отворено небо во Градски Парк на андерграунг легендата во драм н бејз, продуцетот и диџеј LTJ Bukem feat. Stamina MC директно од Лондон.

На третото издание на Скопје Стрит Фестивал се приклучија социјално-одговорни компании и институции кои ја поддржуваат мисијата за градење на улична култура. Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Пелистерка, Македонски Телеком, Win Music Freedom, Ред Бул, и многу други кои помогнаа овој фестивал да остане отворен, без карти, за сите. За Скопје. Зошто радост е.

Сите информации граѓаните може да ги најдат на нашата фан страна на фејсбук, Skopje Street Festival, или на веб страната www.ssf.mk.

Прочитај повеќе
Маркетинг

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.