МК Сцена
СКОПЈЕ ВЕ ПОВИКУВА НА ЗАБАВА: Дејвид Гета, Роберт Шулц и Ера Истрефи на една сцена!
И да врне и да вее Скопје вечерва ќе гори и тоа од одличен звук. Легендарниот Дејвид Гета ќе ги забавува скопјани на првиот „Скопје колинг“ фестивал.
За прв пат во Европа на фестивалот Skopje Calling ќе биде инсталиран најпрестижниот звучен систем на светот – станува збор за звучниот систем EAW ANYA кој овозможува на сите делови од просторот да се дистрибуира еднаква силина на звукот и секој посетител има подеднакво уживање без оглед на позицијата.
И покрај најавите на метереолозите за можни врнежи концертот на Дејвид Гета ќе се одржи велат организаторите .
Подготвени сме на се овој концерт да се одржи, додава Ивана Нолчева Плавевска од Авалон продукција.
На светската музичка сцена Дејвид Гета и како диџеј и како продуцент урна многу рекорди. Неговите соработки со Ријана, Мадона, Кел Роланд, Сиа, Лејди Гага, Бритни Спирс, Ники Минаж и уште многу други, станаа светски хитови.
На вечерашниот спектакл фестивалот Skopje Calling покрај Гета ќе настапи германскиот суперстар диџеј Робин Шулц и Ера Истрефи, светската музичка сензација.