МК Сцена
СКОПЈЕ ВО НОВОГОДИШНО РУВО: Светна елката на плоштад (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчеравечер беше вклучена централната елка во Скопје која е поставена на Плоштадот „Македонија“.
Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава за првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.
Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.
Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.
Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017 година.