Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопска премиера на ТВ-серијата „Сенки над Балканот“

МК Сцена

Скопска премиера на ТВ-серијата „Сенки над Балканот“

Пилот-епизодата од ТВ-серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, која премиерно беше прикажана на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, вечер ќе има и скопска премиера во кино Синеплекс, на затворањето на второто издание од фестивалот „Киненова“.

„Сенки над Балканот“, по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ, е меѓународна копродукција меѓу „Кобра филм“ од Србија, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Искра“ од Русија. Како копродуценти на серијалот учествуваа и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија, а финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Серијата е историски трилер за настани од почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија. Режисер на осмата епизода која се снимаше претежно во Битола и околината е Игор Иванов.

Авторот на проектот и режисер Бјелогрлиќ на прес-конференција на ИФФК во Битола нагласи дека за потребите на филмот консултирал повеќе историчари.

– Работев со историчари од кои едниот ми беше косултант за руската тема, другиот за балканските патишта на опиумот и третиот за ВМРО, за што се консултирав со професорот Жежов од Македонија. Истражувајќи го тој период, дојдов до неколку интересни приказни, за руската царска војска која во СХС фунцкионирала како своевидна паравоена формација, истакна Бјелогрлиќ.

Бјелогрлиќ е и во актерската екипа, во која се и Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Борган, Гордан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Алексеј Солончев, а од Македонија играат: Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.

Покрај на фестивалот „Браќа Манаки“, пилот-филмот од ТВ-серијалот „Сенки над Балканот“ беше промовиран и на Сараевскиот филмски фестивал и Филмските средби во Ниш. Телевизиското прикажување на серијата е најавено за крајот на овој месец.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.