Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Снимена третата верзија на „Вечниот Бог“ со Гиговска, Алабаковски и „Златно славејче“

Сцена

Снимена третата верзија на „Вечниот Бог“ со Гиговска, Алабаковски и „Златно славејче“

Третата верзија на „Вечниот Бог” со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче – е снимена!

„Инструменти, вокали, хорче – мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана! За доживувањата во студио ќе Ви раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот. Каква божикна приказна скрои генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе видите за само неколку дена“ – се наведува во соопштението.

Од Здружението информираат дека низ цела држава, во 50 градови и населени места, во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6 јануари ќе чекорат низ улиците.

„Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда. Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица, се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера, каде е претставен целиот настан на Божик. Се поставуваат и божикните пештери и се подготвуваат малите божикни концерти, што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5 јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците“, се додава во соопштението.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.