Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Со дискусија на тема „Како турските серии ја менуваат Македонија“ одбележан Денот на жената

Настани

Со дискусија на тема „Како турските серии ја менуваат Македонија“ одбележан Денот на жената

На иницијатива на канцеларијата на жените на Обединетите нации, во соработка со Институтот за родови студии и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, а од 2012-та под официјално покровителство на Градот Скопје, манифестацијата Женски права станува културна алтернатива за одбележување на меѓународниот ден на жената!

Оваа година, Вечерите на Женски права се во духот на одбележувањето на 20 годишнината од Четвртата светска конференција за правата на жените во Пекинг и Пекинфшката декларација.

„Вечери на женските права“ е 6 –та по ред културна манифестација во најженствениот месец во годината, кој како што го најави професорката Татјана Алексиќ. е женствен не толку заради празникот 8 Март колку заради сличноста со женските атрибути, март со својата еруптивна предигра најавува сигурно будење на пролетта, непредвидлив и со променливо расположение како жената во ПМС, доволно влажен и дождлив за да ја напои земјата.

Во организација на канцеларијата на жените на Обединетите нации , во кино Милениум беше прикажан документариот филм „Кисмет“ на тема какво влијание имаат турските серии врз луѓето, а веднаш потоа професорката Татјана Алексиќ, како модератор на настанот, во свој стил ја најави отворената дискусија на тема „Како турските серии ја менуваат Македонија“.

Како ,,фифти-фифти,, еднаква родова застапеност, на публиката во пар им се обратија проф.Оливера Марковска и проф.Јордан Плевнеш, како претставници на Институтот за родова еднаквост и Универзитетот за аудиовизуелна уметност.

Дебатата ја водеа г-ѓа Мелпомени Корнети, ја паметиме како директор на МРТ, заменик министер за култура и амбасадор во Анкара во 2016-та и д-р Марија Ристеска, проф. на Факултетот за политички науки, директорка на Центарот за истражување и креирање политики. Двете исклучително еманципирани дами и поборнички за родова еднаквост ја активираа публиката за дискусија.

Додека „фрчат“ честитките за 8 Март, Ели Пешева од маркетинг агенцијата New Moment објави дел од вчерашните статистики UN Women:

– со вакво темпо на „изедначување“ за постигнување родова еднаквост на пазарот на трудот, ќе ни требаат 81 година

– 75 години ќе ни требаат да стигнеме до иста плата со мажите, за работа и позиција од иста вредност

– уште 50 години ќе ни требаат да стигнеме до 50/50 пропорција во законодавните домови.

Предоцна ќе биде за нас, на нашите ќерки, за нивните ќерки…а богами и за сите мажи. И денешното цвеќе нема ништо да промени.

Едукацијата и борбата мора да почнува со првите контакти на децата и општеството, кое ги наметнува стереотипите.

Едукација за вредноста на човекот, а не маж или жена, против семејното насилство, кое влече корени од некои други претходни семејства, одлучувачките процеси кои ги ставаме во рацете на здрави, компетентни луѓе, охрабрување на жените дека можат и смеат да ги поминат замислените црвени линии, поставени од ограничени умови. Заедно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.