Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Со „Реквием за госпоѓа Ј“ отворено 20. издание на Скопје филм фестивал (ФОТО)

МК Сцена

Со „Реквием за госпоѓа Ј“ отворено 20. издание на Скопје филм фестивал (ФОТО)

Со македонската премиера на филмот „Реквием за госпоѓа Ј“ вчера вечер свечено беше отворено 20. издание на Скопје филм фестивал.

„Филмот во голем дел е снимен во Скопје, исто така е и монтиран во Скопје, така што филмот е „породен“ овде. Четири месеци практично живеев во Скопје, и ова го доживувам како домашна премиера. Навистина сум почестен што филмот се враќа од таму од каде и излезе“, рече режисерот на филмот Бојан Вулетиќ.

Директор на фотографија е Јелена Станковиќ, сценограф е Зорана Петров, костимограф е Лана Павловиќ, а монтажата е на Владимир Павловски.

По проекцијата, публиката со силен аплауз ги поздрави маестралната актерка Мирјана Карановиќ, режисерот Вулетиќ, продуцентите Ненад Дукиќ и македонскиот дел од екипата предводен од продуцентот Томи Салковски.

На програмата на фестивалот вечерва во кино „Милениум“ уште една премиера на новиот македонски филм „Ах љубов моја“ на режисерот Коле Ангеловски.

„Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмската камера“, вели режисерот Ангеловски.

Вечерва, во 19, 30, во Кинотека на Македонија започнува и новата детска програма „Креираме заедно“ која, покрај детските краткометражни филмови, ќе ги претстави и завршните продукти од работилниците со учениците со и без попреченост од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица.

Во Кинотеката вечерва ќе се одржи изложба на фотографии, филмска програма и дебата на тема: „Кретивноста -прозорец кон светот на различностите“.

Детските филмови што ќе се прикажат се синхронизирани на македонски јазик, со адаптиран превод за лица со оштетен слух. Оваа програма ќе продолжи и во сабота 22 април, а влезот е слободен.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.