Музика
Соборен рекордот на Егзит: Вчера над 50.000 луѓе се забавуваа на John Newman и Martin Garrix
Фотографиите се во соптвеност на Популарно.мк и е забрането секакво копирање и користење без дозвола
Новиот рекорд е поставен! Вчеравечер Егзит фестивалот беше посетен од преку 50.000 посетители за кои Петроварадинската тврдина беше претесна да ги собере на било која од поставените сцени!
Оваа саботна вечер беше одбележана со настапите на Џон Њуман, Ману Чао и Мартин Гарих кои всушност беа најавувани како најголеми ѕвезди на фестивалот.
Прв на главната бина се појави енергичниот Џон Њуман кој приреди двочасовно шоу за паметење на кое неколку илјадната публика играше до последниот ритам. Кулминација на неговиот настап беше песната „Love me again“ која ечеше низ Петроварадин.
Следни на сцената се појавија Ману Чао за кои пред главната бина буквално се бараше место за дишење, затоа што публиката ја имаше до самиот излез на фестивалот.
На прочуената денс арена, пак, настапи светски познатиот ДЏ Мартин Гарих кој приреди шоу за паметење со разни светлечки ефекти на кои следеше огномет и огнен спектакл.
На фјужн бината свој настап имаше Каролина Гочева која повеќе од два часа ја забавуваше публиката со старата македонска песна, но и со нејзиниот нов албум.
Забавата на Петроварадинската тврдина траеше до раните утрински часови, а потоа посетителите се упатија кон Егзит кампот каде журката продолжи со разни ДЏ сетови.
Вчерашниот ден дефинитивно ќе влезе во историјата на Егзит фестивалот како еден од најпосетуваните.
За Популарно.мк од Нови Сад, Ѓорги Селков