Музика
Сопругата на Честер Бенингтон проговори за неговата смрт
Сопругата на фронтменот на бендот „Линкин парк” Честер Бенингтон, кој веќе не е меѓу живите, изјави дека ја чувствува љубовта на неговите обожаватели, но ја чувствува и загубата.
Талинда Бенингтон појасни дека сака „обожавателите во целиот свет да знаат дека ја чувствуваме нивната љубов”. – Ја чувствуваме и вашата загуба“, истакна таа.
Честер Бенингтон се обеси во спалната соба во својот дом во близина на Лос Анџелес минатата недела. Истражителите потврдија дека тој се самоубил.
„Имавме прекрасен живот, кој сега стана Шекспирова трагедија. Како да си го кренам духот?“, напиша Талинда Бенингтон.