Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Специјална програма на МФФ „Киненова“ во декември: Регионална премиера на филмот „Кафе“ на осудениот ирански режисер Навид Михандост

Сцена

Специјална програма на МФФ „Киненова“ во декември: Регионална премиера на филмот „Кафе“ на осудениот ирански режисер Навид Михандост

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се приклучува на Солунскиот филмски фестивал и на Меѓународната Коалиција за филмски автори во ризик изразувајќи искрена и недвосмислена поддршка за иранскиот перспективен и талентиран филмски автор Навид Михандост, кој на 20-ти август оваа година беше уапсен во Иран за да отслужува тригодишна затворска казна.

Имено, во јануари 2021 година, исламскиот суд во Техеран за специјални злосторства, за поттикнување на насилство или за обид за соборување на исламската влада, донесе пресуда со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку истакнување на пароли“.

Коалицијата реагира на овој случај на прогон, закани за личната безбедност или слобода на филмските работници кои се изложени на ризик како резултат на нивната работа и ќе го брани нивното право да продолжат со својата работа, преку мобилизирање на меѓународната филмска заедница.

Неправедните обвиненија на Навид произлегуваат од документарниот филм што тој го направи во 2009 година, фокусиран на професионалниот живот на Масих Алинеџад (иранска новинарка и активистка за правата на жените). Филм кој никогаш не беше објавен.

Во таа чест специјалната програма на Киненова која ќе се одвива во Кинотека на Македонија, на 16-ти декември ќе биде отворена со најновиот филм на Навид, „Кафе“, кој е сниман во вонредни и исклучитено тешки услови, во период додека тој вешто успеа да го избегне прогонот во неговата земја.

Ова ќе биде регионална премиера на филмот или второ прикажување воопшто во светот, по светската премиера во Солун.

Во периодот кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде изречена казната, тој самостојно и независно го сними овој долгометражен филм на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели.

Приказната за „Кафе“ е слична на она што му се случи на Навид во Иран. Тој е ослободен со кауција, но во исто време со барање од иранските безбедносни авторитети да соработува со нив за посредно да им обезбеди информациии за новинарката Масих Алинежад под изговор дека ќе снима нов филм за жени.

Сепак, Навид не соработуваше, туку играше со судскиот систем за да си купи малку време за да го сними овој филм, кој беше еден од неговите соништа да ги прикаже неправдите што се случија во неговата земја.

Инаку ова е втор долгометражен филм на Навид, не сметајќи го документарниот филм кој никогаш не беше прикажан.

Покрај филмот „Кафе“ на Навид Михандост, специјалната програма на Киненова за декември ќе ги вклучува и наградените филмови на осмото издание на фестивалот: шпанскиот филм „20 000 видови на пчели“ на Естибалиц Уресола Солагурен кој ја доби специјалната награда на жирито на фестивалот Киненова, украинскиот „Клондајк“ на Марина Ер Горбах кој ги доби наградите за најдобро сценарио и најдобра режија на МФФ Киненова 2023 и „Фатална жена“ на Сем Фринам ин Нг Чон Пинг.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.