МК Сцена
СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Балканската дива Цеца на 25 март со голем концерт во Скопје
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 25-ти март ќе одржи голем концерт во Скопје, во Вип Арена, „Борис Трајковски”.
Вип Арената Борис Трајковски ќе биде претесна за да ги собере фановите на Цеца на концертот за кој што и самата вели дека ќе биде вистински спектакл.
Со песните од новиот албум, „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, “Дидуле” и многу други, мега популарната и најбарана балканска дива Цеца Ражнатовиќ веќе полни концертни сали низ цел Балкан и низ цела Европа.
Овој пат на ред е нашиот главен град каде Цеца ќе приреди концерт за паметење, речиси 3 часа ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Ни претстои вечер исполнета со многу музика и забава.
Влезниците се веќе пуштени во продажба, а концертот брзо се распродава. Се очекува вистински спектакл!
Билетите, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на “Купи карти за сѐ”, “Пола Југотон” и “Цвеќара Розе” – Веро 2.
За фановите на Цеца од сите градови низ Македонија, има организиран превоз.
За најголемите фанови во продажба се пуштени Фан Пит карти, а доколку се одлучите за ВИП доживување на овој концерт, може да направите резервација.