Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Спектакуларен огномет и 50.000 гости за стартот на фестивалот Егзит во Нови Сад (ВИДЕО)

ФОТО: МАРКО МАРЈАНОВИЌ / ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена

Спектакуларен огномет и 50.000 гости за стартот на фестивалот Егзит во Нови Сад (ВИДЕО)

Со танцов перформанс, акцентирајќи ја слободната, балетската суперѕвезда Сергеј Полуњином, беше означен официоналниот старт на 18. по ред Егзит фестивал.

Традиционално, како и секоја година, стартот беше одбележан со спектакуларен 15-минутен огномет, кој беше поздравен со аплаус од присутните гости.

Вчера на Петроварадин беше претесно да ги собере 50.000 луѓе кои го срушија рекордот на најмасовно посетен прв фестивалски ден, а меѓу ВИП гостите беше и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Инаку, главната бина, која оваа година доживеа редизајн во ново сценографско руво, ја отворија домаќинките „Д Фрајле“, кои беа само загревање пред фасцинантниот настап на американката ЛП.

Потоа, сцената ја освоија „Фивер реј“, а кулминација на првиот фестивалски ден беше настапот на американското трио „Мигоси“ кои иако доцнеа, сепак не ја разочараа десетилјадната публика.

На втората по голема и надалеку прочуена „денс арена“, главни ѕвезди на вечерта беа Амели Ленс и Бен Клок.

This slideshow requires JavaScript.

Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад да ги проследи и останатите три фестивалски дена од Егзит.

https://pplarnomk1files.blob.core.windows.net/videos/Video.mp4

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.