МК Сцена
СПЕКТАКУЛАРЕН ТРЕТ РОДЕНДЕН: Лепа Брена го дигна „Дежаву“ на нозе! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Три години успешна приказна!
Познатото скопско кафуле „Дежаву“ во населбата Аеродром три години претставува централно место за уживање во денското кафе, попладневниот сладолед или вечерата со пријателите на аеродромци, но и гостите кои доаѓаат од цела Македонија.
Успешната приказна на ова кафуле се прошири со таканаречените „афтерворк“ забави на кои изминатите три години присуствуваа голем број на македонски, но и балкански ѕвезди.
Во петокот „Дежаву“ го прослави третиот роденден со спектакуларен концертен настап на балкансата дива Лепа Брена, која забавуваше стотици присутни гости, но и случајните минувачи и посетители на трговскиот центар „Капитол мол“.
На забавата присуствуваа и голем број бизнисмени, соработници на кафулето и познати личности од естрадата.
Лепа Брена на прес конференцијата по повод гостувањето изјави дека ретко прифаќала да настапува на приватни забави, но поради посебниот јубилеј и брендот кој го носи кафулето со задоволство прифатила да настапува на роденденската забава на „Дежаву“.
Роденденот беше означен со голем огномет кој дополнително ја разубави роденденската атмосфера.
Во продолжение погледнете ја галеријата: