Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Спортски новинар ја навреди Ријана поради вишокот килограми

Сцена

Спортски новинар ја навреди Ријана поради вишокот килограми

Популарната Ар-енд-Би пејачка Ријана е позната по провокативните креации и раскошните облини, што никогаш не се срамела да ги покаже.

Но, во последно време, очигледно е дека таа има некој килограм повеќе, што ги поттикна и гласините дека е бремена, кои никогаш и не беа потврдени.

Не е наше да судиме и да бараме објаснувања зошто некому вагата му покажува нешто поголем број.

Сепак, еден спортски новинар „се фати“ баш за оваа тема, па на прилично субјективен и пристрасен начин го прокоментира сето тоа… Станува збор за Крис „Спагс” Спањуоло од порталот „Барстул Спортс“, кој објави текст со наслов „Дали Ријана ќе ја направи дебелината нов ’жежок тренд’?”

Во текстот, новинарот коментира како пејачката „очигледно малку претерано уживала во добрата хотелска услуга“, и прашува „дали таа ќе го преземе престолот на Ешли Грејам во хиерархијата на вишок килограми“…

Порталот набргу потоа упати јавно извинување и ја избриша објавата, а Ријана непосредно потоа е видена на вечера со пријатели во елитниот ресторан „Нобу“, со што јасно покажа што мисли за таквите статии.

Сепак, останува впечатокот дека расте говорот на омраза на сметка на жените со вишок килограми, па макар тоа биле и цинични или саркастични шеги. „Креаторите на јавното мислење“ се помалку водат сметка за тоа дали со својот јавно искажан субјективен став, ќе повредат некого.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.