„Срцето ми е скршено“: Се огласи Алек Болдвин по несреќата
По трагедијата што се случи на филмскиот сет на „Rust“, каде што Алек Болдвин случајно застрела двајца членови на филмската екипа, од кои едната го загуби животот, тој се огласи на Твитер.
-Нема зборови кои ќе го опишат мојот шок и тага поради трагичната несреќа која доведе до губење на животот на Халина Хачинс – жена, мајка и многу почитувана колешка. Соработувам со полицијата во истрагата како би се открило како се случи оваа несреќа – напиша актерот на Твитер.
1-
There are no words to convey my shock and sadness regarding the tragic accident that took the life of Halyna Hutchins, a wife, mother and deeply admired colleague of ours. I'm fully cooperating with the police investigation to address how this tragedy occurred and— AlecBaldwin(HABF) (@AlecBaldwin) October 22, 2021
-Во контакт сум со нејзиниот сопруг и му понудив поддршка нему и на семејството. Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, синот и сите оние кои ја сакаа и ја познаваа Халина – додаде Болдвин.
2- I am in touch with her husband, offering my support to him and his family. My heart is broken for her husband, their son, and all who knew and loved Halyna.
— AlecBaldwin(HABF) (@AlecBaldwin) October 22, 2021
Исто така во соопштението на продуцентската куќа кажано е дека целата екипа која работела на филмот во целост е скршена.
Против актерот засега не е покренато обвинение, а во тек е полициска истрага и утврдување на сите околности.