Музика
Српската евровизиска песна – оригинален хит или плагијат? (ВИДЕО)
По петочната промоција на македонската песна за Евровизија која наиде на огромен број позитивни реакции од земјава и Европа, денеска и соседна Србија ја претстави својата избраничка, пренесува ТВ Пакет.
Тијана Богичевиќ, анонимно име на српската естрада, ќе ја претставува Србија на овогодишното издание на Евросонг во Киев, Украина.
Како и македонската, така и српската пејачка ќе пее на англиски јазик. Тијана ќе се претстави со песната „In too deep“. Песната е во продукција на Борислав Миланов, Bo Persson, Johan Alkenas и Lisa Ann Mari Linder.
Многумина кои ја слушнаа српската евровизиска песна, ќе речат дека на некои делови (влезот во рефренот) потсетува на „Fireworks“ на Кејти Пери.
Слушнете и проценете сами: