Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Српската пејачка Наташа Беквалац прими трета доза од вакцината „Фајзер“

Сцена

Српската пејачка Наташа Беквалац прими трета доза од вакцината „Фајзер“

Српската пејачка Наташа Беквалац прими трета доза од вакцината „Фајзер“

Српската пејачка Наташа Беквалац утрово во Белград ја прими третата доза од вакцината „Фајзер“.

Таа овој чин го изврши на белградскиот саем, каде што ја пречека заменик градоначалникот на Белград, Горан Васиќ.

Популарната пејачка со овој потег сака да ги поттикне граѓаните да го следат нејзиниот пример за да се нормализира животот за пократко време.

-Сакам да апелирам до луѓето да се вакцинираат. Не се сомневам дека ова е единствениот начин да се запре ширењето на болеста и да се вратиме во нормала. И мојата најстара ќерка ќе се вакцинира. Жал ми е што гледам дека бројот на заразени пак расте, а бројот на вакцинирани стагнира – изјавила Беквалац.

Третата доза од вакцината, која се нарекува „бустер“ и го засилува дејството на првите две вакцини, во Србија може да се прими од пред десетина дена.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.