Сцена
СРПСКИ МЕДИУМИ: Ѓорѓе Давид имал претчувство и ја сонувал сообраќајната несреќа
Познатиот музичар и член на жирито на телевизиското шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, не сакал да тргне на пат за Гевгелија, затоа што имал претчувство за сообраќајната несреќа, пишуваат српските медиуми.
Според информации на „Република.рс“, извор близок на Ѓорѓе раскажал дека музичарот сонувал за сообраќајната несреќа и чувствувал дека нешто лошо ќе се случи.
Поради овие претчувства, Ѓорѓе Давид бил на одлука да го откаже своето патување за Гевгелија.