Сцена
„Stairway to Heaven“ сепак не е плагијат (ВИДЕО)
Суд во Лос Анџелес вчера одлучи дека песната „Stairway to Heaven“ на легендарната рок група „Лед Цепелин“ снимена на почетокот на 1971 година, не е плагијат.
Прочуената рок балада пред две години стана предмет на спор покренат од Мајкл Скидмор, застапник на сега веќе покојниот гитарист на групата „Спирит“, Ренди Вулф, кој е автор на инструменталната рок композиција „Taurus“ од 1967 година. Адвокатот, кој тврди дека „Stairway to Heaven“ е плагијат на „Taurus“, бараше отштета од еден милион долари, со камата.
https://www.youtube.com/watch?v=9Q7Vr3yQYWQ
Ренди починал во 1997 година. Додека бил жив не покренал тужба против „Лед Цепелин“, но често тврдел дека музиката му е украдена, и дека тоа треба да се признае.
Осумчлениот Арбитражен суд оцени дека пејачот на „Лед Цепелин“ Роберт Плант и гитаристот Џими Пејџ знаеле за „Taurus“, но Скидмор не успеа да ја докаже сличноста меѓу двете мелодии.