МК Сцена
„Стари песни, стари другари“ – нова песна и спот на „Балкан бенд“ (ВИДЕО)
Енергијата, правецот по кој се движат и дефинитивно целосната посветеност и љубов кон македонската музика ги издвои момците од „Балкан бенд“, веќе втора година по ред, од сите останати бендови и музичари кај нас.
За толку краток период, позади себе имаат неколку авторски песни, спотови и големи планови за албум следната година.
„Стари песни, стари другари“ е насловот на новитетот, кој го промовираат заедно со спот, односно целосен пакет, кој е уште еден показател за тоа колку ја почитуваат својата публика.
Музиката, аранжманот и тексот ги доверија на тимот од чие што музичко студио излегуваат најголемите балкански хитови, двоецот Лазе и Магдалена Цветковски.
Познавачите на нашата музика, веќево новата поп песна на „Балкан бенд“ препознаваат нов летен хит, кој што „влегува“ во уво од прво слушање и не се ни сомневаат дека ќе остави свој белег ова лето 2018-то. Спотот за песната го работеше „Веста продукција“.
Досега, „Балкан бенд“ позади себе има 5 авторски песни и три спота, вклучувајќи ја и последната. „Неверник“, „Зависен“, „Пелин и Мед“ и „Сам ме остави“ се првите четири хита на групата, која сериозно е посветена на создавање авторска музика, бидејќи според нивната девиза, само така квалитетот испливува на површина, а според сите коментари и прифатеност од страна на најголеиот критичар, публиката, токму таа го препознава тоа.
Септември е месец за новитети, бидејќи уште сега се најавува и новата, шеста авторска песна која ќе биде дуетска со Сузана Гавазова, за која исто така ќе се снима и спот.
Соработката со Лазе и Магдалена продолжува и кон крајот на оваа и почетокот на следната година, за кога се планира и промоција на новата песна, овој пат балада, која одговара и за тој период од годината, а ќе биде снимена и за нашиот, но и за српскиот пазар.
„Балкан бенд“ е една од ретките музички групи кај нас, што можете да ги видите секаде, од свадби, до дискотеките и ноќни клубови, а сето тоа се должи на репертоарот кој што го изведуваат овие момци. „Балкан бенд“ е составена од пет члена, Нико Сребров, клавијатура, Илија Наумовски, гитара, Бојан Дицовски, бас гитара, Александар Тасевски, вокал и Златко Анчевски, тапани.