Сцена
СУДОТ ОДЛУЧИ: Мадона го изгуби старателството над синот
После долгиот судски процес, поп кралицата Мадона го изгуби старателството над синот Роко.
Семејните несогласувања почнаа уште во декември 2015 година, кога сега 16-годишниот Роко замина да живее со неговиот татко во Лондон Гај Ричи и неговата нова сопруга, бидејќи мајка му заминала на светска турнеја.
Но кога таа се врати, тој не сакал да дојде дома, а препукувањата меѓу мајката и синот беа и јавно видливи на социјалните мрежи. Беше покрената судска постапка, за време на која Роко изјави дека сака да живее со неговиот татко, за што Мадона не сакаша ни да чуе.
Сепак, само неколку часа пред судот да ја донесе одлуката за старателство, гај и Мадона постигнале договор, според кој Роко останува во Лондон.
Оваа новонастаната ситуација Мадона на социјалните мрежи вака ја прокоментира: „Мајката понекогаш мора да биде и кучка“.