Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Светот Јура“ е филм со најмногу грешки во 2015 година

Сцена

„Светот Јура“ е филм со најмногу грешки во 2015 година

Блокбастерот за диносаурусите „Светот Јура“ е филм со најмногу грешки од сите остварување прикажани од почетокот на 2015 година, пишува сајтот Moviemistakes.

Научнофантстичната епопеја на Колин Тревор содржи најмалку 19 крупни и мали грешки, вклучувајќи одреден број сценариски недоследности и фактички невистини, како што е џипот, кој еден од јунаците на филмот успева да  го придвижи, иако 20 годни никој не го возел.

Некои „грешки“ се повеќе воочливи од други. Така еден гледач со право забележал дека директорот на паркот Клер Диринг кој го игра Брис Далас Хауард, не би можела да го преживее целиот филм цело време трчејќи во чевли со високи потпетици.

Тревор може сепак да биде спокоен затоа што неговиот филм е релативно „безгрешен“ во споредба со Спилберговиот „Паркот Јура“ од 1993 година, каде Moviemistakes сајтот пронајде 156 грешки.

Апсолутен рекордер е воената драма „Апокалипса денес“ која содржи дури 561 грешка.

Второ место на списокот на фимови со најмногу грешки во 2015 година го зазема најновото продолжение на Терминатор, „Генеза“ со десет грешки и недоследности, додека третата позиција ја држат „Човекот мравка“ и „Лудиот Макс: Пат на бесот“, секој со по осум грешки.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.