Настани
Светска премиера на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
Синоќа беше одржана светската премиера на осмата епизода од легендарниот филм „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“. Режисер на оваа епизода е Рајан Џонсон.
Секоја премиера на оваа култна вселенска сага, во САД е своевиден културен феномен. До појавување на големите екрани филмот се очекува со нетрпение со месеци, а поклониците дискутираат и спорат во детали за заплетот и доживувања на нивните херои.
Слично е и на глобално ниво. Од Банког до Токио, од Лондон до Тунис и Сан Диего, каде премиерите се слават со разни изложби и настани а пред кино салите се создаваат редици на љубители и костимизирани фанови.