Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Светската атракција Рудиментал на 2 август во Охрид!

МК Сцена

Светската атракција Рудиментал на 2 август во Охрид!

Големиот празник Илинден, годинава во Охрид ќе се празнува како никогаш до сега. На сцена под отворено небо, на плажа Немо, простигнува светската атракција РУДИМЕНТАЛ. Со журка која што ќе трае повеќе од 6 часа, Охрид на 2 август сигурно нема да заспие.

Во рамките на Orange Festival, освен Рудиментал на 2 август, закажан е диџеј сет на ТОМ НОВИ на 1 август. Цената за журката на 1ви е 250/300 денари. Додека пак за неповторливите РУДИМЕНТАЛ до 20 јули влезницата ќе ве чини само 500 денари.

Овој британски состав досега двапати го освои првото место на најпрестижната светска музичка листа, британската. Последниот пат во 2013 година, кога беа место број 1, зад себе оставија музичари од калибарот на Daft Punk, Pitbull, Pink и секогаш популарниот Џастин Бибер.

„Waiting all night“ е хитот кој што ја одбележа 2013 година. И не само таа туку цело едно поглавје од музичката кариера на ненадминливите Рудиментал.

Во Охрид доаѓаат првпат и возбудени се поради можноста да ја направат најголемата журка на отворено ова лето. Рајдер листата е полна со скромни и едноставни барања. Се што сакаат е само одлична забава.

„Waiting all night“ сеуште е на врвот. По нејзе следуваат „Right here“, „Never let you go“, „Home“…и уште многу други хитови кои што ги лансираа Рудиментал помеѓу најдобрите во светот, на 2 август во Охрид ќе се слушаат под македонско небо.

Организаторите Прагма Продукција најавија озвучување и осветлување со каково располагаат светските плажи и журки на отворено на Ибица.

Влезниците за РУДИМЕНТАЛ можете да ги најдете во продажната мрежа купикарти за се, плоштад Охрид, ЗЗ Топ и локалните кафулиња и плоштади низ државата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.