Музика
Светски познатиот диџеј Авичи пронајден мртов во Оман
Светски познатиот шведски продуцент и диџеј Авичи денеска бил пронајден мртов во Оман на 28-годишна возраст.
Неговата публицистка Дијана Барон денеска ја потврди оваа вест, со следното соопштение:
– „Со голема тага соопштуваме дека нѐ напушти Тим Берглинг, познат како Авичи. Тој бил пронајден мртов во Мускат, Оман, овој петок во попладневните часови. Семејството е скршено од трагичната вест и ја замолува јавноста да ја почитуваат нивната тага и приватност во овој, за нив, тежок период“
Инаку, Авичи беше познат како пионер на електронската денс музика и еден од најуспешните во бизнисот, соработувајќи со големи артисти како Мадона, Дејвид Гета и Лени Кравиц.
Низ неговата кариера, освои две МТВ музички награди, една Билборд награда и доби две номинации за Греми. Неколку дена пред неговата смрт, тој беше номиниран за уште една Билборд награда за неговиот нов албум.
Јавноста и фановите ќе го паметат по хитовите „Le7els“, „Wake Me Up!“, „The Days“ and „Hey Brother“.
Во 2016, тој се повлече од сцената поради здравствени проблеми со панкреасот, предизвикани од пиење алкохол. И покрај проблеми, тој продолжи да создава нова музика.
Причините за смртта на Авичи не се откриени.