МК Сцена
Светски познатите „Fly Project“ доаѓаат на Пивофест во Прилеп!
Светски познатите Fly Project кои се прославија со хитовите „Toca, toca“, „Like a star“, „Musica“ и многу други, ова лето ќе настапуваат на сцената на Фестивалот на пивото и добрата музика „Пивофест 2016“.
На радост на постарата генерација, пак, свое учество официјално потврдија и Парни Ваљак и во градот под Марковите кули ќе се пеат нивните вечни хитови: „Све још мирише на њу”, „Моја је песма лагана”, „Јесен у мени”, „Ухвати ритам”, „Године пролазе”…
Популарно.мк и ова долго и топло фестивалско лето освен од центарот на забавата на фестивалите Егзит и Сигет, екслузивно ќе ве известува и од најголемите македонски фестивали Пивофест и Д Фестивал.
Колку само за потсетување „Пивофест” започнува од 14-ти јули и ќе трае четири дена, односно, до 17-ти јули кога официјално завршува овогодинешното четиринаесето издание.