Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАЈНА ЉУБОВ! Јелена Розга и Иван Хуљиќ со месеци ја криеле врската од јавноста и од нивните семејства

Сцена

ТАЈНА ЉУБОВ! Јелена Розга и Иван Хуљиќ со месеци ја криеле врската од јавноста и од нивните семејства

Хрватската пејачка Јелена Розга пред повеќе од една година ја обнови врската со 11 години помладиот Иван Хуљиќ, но долго ја криеја од јавноста – па дури и од неговото семејство.

Според хрватските медиуми, најголемата причина била стравот од реакцијата на неговата мајка, Вјекослава Хуљиќ, иако таа отсекогаш имала убаво мислење за Јелена.

Маркетинг

Покрај тоа, Иван бил загрижен и поради медиумскиот притисок. Јелена е една од најпознатите пејачки на Балканот, неговиот татко Тончи е музичка легенда, а сестра му Хана е во брак со Петар Грашо – па стравувал дека нивната приватност ќе биде нарушена.

Со текот на времето, нивната љубов станала посериозна, па Иван собрал храброст и ја признал врската пред семејството. Спротивно на неговите стравови, тие веднаш ја прифатиле Јелена, покажувајќи дека за нив најважна е среќата на нивниот син.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.