Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАКСИРАТ ПОТВРДУВА: Mando Diao прв пат во Скопје!

МК Сцена

ТАКСИРАТ ПОТВРДУВА: Mando Diao прв пат во Скопје!

Еден од најпосакуваните бендови на современата сцена, шведската инди-рок група MANDO DIAO (Мандо Диао) конечно ќе гостува со концерт кај нас, а својот премиерен настап пред македонската публика бендот го потврди за оваа зима и тоа на јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ во Скопје!

Славниот бенд со беспрекорен звук и фантастична концертна енергија, ќе настапи како еден од хедлајнерите на главната фестивалска вечер на ТАКСИРАТ, на 8-ми декември, во ВИП Арената „Борис Трајковски“!

Mando Diao започнаа да творат во 1999-та година, и за 19 години постоење снимија 8 студиски албуми. Уште со првото нивно издание „Bring ‘Em In“ во 2002-ра година ја освоија сцената во земјата од која потекнуваат а чија музичка репутација е неспоредлива, но секој следен албум значително им ја зголемуваше популарноста и на интернационалната сцена. Нивниот стил оформен со гаражен рок/поп/инди звук и извонредната енергија на настапите во живо беа многу бргу препознаени, па набргу светската критика и фановите ширум светот се согласија дека Mando Diao е еден од најдобрите бендови на современата рок сцена.

Со голема популарност и на балканските простори се стекнаа по излегувањето на албумот „Give Me Fire!“ во 2009-та година и огромните хитови кои бројат десетици милиони прегледувања на „ЈуТјуб“, а без кои не можеше да се замисли било која добра забава – „Dance With Somebody“ и „Gloria“.

Значајни промени во звукот но и во текот на кариерата на Mando Diao, направи албумот „Aelita“ кој од алтернативниот рок ги одведе кон синт-поп и њу вејв звукот. Иако изданието кое го изнедри планетарниот хит „Black Saturday“ делумно ја подели нивната публика, овој храбар исчекор на бендот му донесе уште поголема популарност.

Минатата година го објавија албумот „Good Times“ кој направи одличен баланс помеѓу тие две „струи“ кои го водеа овој бенд, помеѓу нивниот оригинален, стар звук и оној кон кој се стремеа во последните неколку години. Во рамки на промоцијата на ова издание, Mando Diao конечно за прв пат ќе настапат и пред македонската публика, во рамки на ТАКСИРАТ на кој ќе ја предводат главната фестивалска вечер.

Имено, ТАКСИРАТ оваа година го прославува своето јубилејно 20-то издание, а завршницата на големата прослава нѐ очекува токму на главната фестивалска вечер која ќе се одржи на 8-ми декември и на нова локација, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. MANDO DIAO е првиот потврден изведувач од финалето на ТАКСИРАТ 20, а наскоро ќе бидат обајвени уште многу други значајни музички имиња за оваа вечер, која воедно и ќе ја претстави Арената во сосема поинакво светло, посебно уредена за оваа цел со врвна продукција доловувајќи ја препознатливата атмосфера на Таксират, со три фестивалски бини, капацитет за повеќе од 10.000 посетители и претставувајќи го новиот продукциски концепт на Фестивалот!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.