Таленти
„Диџеј Ахмет“ со светска премиера на Санденс: „Холивуд Рипортер“ го пофали дебитантскиот филм на Георги Унковски
Дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски, „Диџеј Ахмет“, синоќа го имаше својот голем момент на Санденс фестивалот во Парк Сити, Јута. Филмот, кој се натпреварува за награди во програмата Светски филм, доби позитивни критики и привлекува внимание со својата уникатна и емоционално наполнета приказна.
„Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“, се дел од впечатоците на „Холивуд Рипортер“, кој ја пофали длабоката поврзаност на филмот со локалната култура и истовремено го истакна неговото универзално значење. Критиката ја започнува со паралела со познатиот филм „Безгрижен“ (Footloose), опишувајќи ја атмосферата на „Диџеј Ахмет“ како спој на традицијата и бунтот.