Махир Мулалиќ е победник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“
Вчеравечер се одржа долгоочекуваното финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а победник во 14-та сезона на балканското хит шоу е младиот Махир Мулалиќ.
21-годишниот Мулалиќ доаѓа од Грачаница, а во шоуто негова менторка беше Марија Шерифовиќ, која како што пренесуваат српските медиуми го убедила да не се откаже по семејната трагедија.
Имено, мајката на младиот Махир починала на 3 април, па поради оваа семејна трагедија тој сакал да го напушти натпреварувањето.
Покрај убедливата титула, Махир како победник на оваа сезона, која траеше две години поради коронавирусот, ќе добие и автомобил, две песни од продукцијата и целосен маркетинг.
https://www.youtube.com/watch?v=vNpEjVjitlg
Оваа година во финалето за победа во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваа: Мите Стоилков, Валентина Кузмановиќ, Мухарем Хадровиќ, Марија Груевска, Белма Хусеинефендиќ, Селим Селимовиќ, Александар и Димитрије Казиќ, Крстиња Тодоровиќ, Мартин Ајдаревиќ, Мартин Ајдаревиќ, Мартин Ајдакевиќ Шабановиќ, Садик Хасановиќ, Зорја Пајиќ, Ивана Богичевиќ, Махир Мулалиќ, Немања Петровиќ и Бојан Павловиќ.