Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од „Златно славејче“ до Холивуд – Македонецот кој го освои светот, сега танцува заедно со Лејди Гага!

Таленти

Од „Златно славејче“ до Холивуд – Македонецот кој го освои светот, сега танцува заедно со Лејди Гага!

Мајкл Дамески, еден од најдобрите танчери и кореографи во светот, повторно блесна на големата сцена! Македонецот со австралиско потекло е дел од најновиот спот на Лејди Гага за песната „Abracadabra“.

Овој врвен уметник, кој живее и работи во Лос Анџелес, има долга листа на успеси – тој е победник на So You Think You Can Dance Australia, финалист на американското шоу World of Dance, а настапувал и во мјузиклот „Били Елиот“ во Австралија и на Бродвеј.

Маркетинг

Кога сонот станува реалност“ – напиша Дамески на својот Инстаграм, споделувајќи фотографија и видео со поп-иконата Лејди Гага.

Иако сега е дел од светската елита, Дамески своите први чекори ги направи и на македонската сцена – во 2007 година настапи на детскиот фестивал „Златно славејче“, каде пееше на македонски јазик.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Таленти

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.