Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Тандеми“ го промовираa најновиот емотивен спот за песната „Гурбет“

МК Сцена

„Тандеми“ го промовираa најновиот емотивен спот за песната „Гурбет“

Оваа скопска група, преку песната и спотот го опишува животот на сиромавиот човек. Тие очекуваат позитивна критика од музичката јавност, со оглед на преголемиот труд кој го вложија во овој видео запис, како и пред се добро осмисленото сценарио.

– „Навистина се радуваме на нашето ново видео, кое всушност е краткометражен филм и една сликовита приказна, за песната „Гурбет“. Со оглед на ладното време, но и желбата да направиме квалитетно видео, навистина се помачивме, но на крајот излезе токму онака како што сакавме. Благодариме на „ИН продукција“, манастирот „Св Никита“ и девојките од К.У.Д. „Скопје“. Сакаме публиката да ужива во сработеното“, велат момците од бендот.

Ова е прва нивна наменска песна и очекуваат пред се да биде позитивно прифатена од публиката, но не го кријат задоволството доколку бидат поканети на турнеја во далечната земја Австралија.

– „Сите прават наменски песни за печалби, свадби, крштевки… , ова е наша прва наменска песна. Досега сме немале – ваков стил, единствено само “Илино моме” и мислам дека требаше да се закитиме со еден ваков видео запис и ваква песна“, додава Горан од „Тандеми“.

„Тандеми“ за оваа 2018 година најавуваат уште еден куп новитети. Очекувајќи ги нив, уживајте во видеото за песната „Гурбет“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.