Сцена
Тејлор Свифт проггласена за ариевска божица и идна снаа на Трамп
Според водечките топ листи, како музичките, така и оние кои ја следат заработувачката, Тејлор Свифт извесен период е најпопуларна пејачка во светот, а за тоа колкава е нејзината популарност говори и фактот дека таа има фанови во сите кругови, вклучувајќи ги и неонацистичките.
Така, неонацистите се уверени дека убавата русокоса е „една од нив“ и дека „само го чека моментот на победата на Доналд Трап за да ги открие своите политички ставови“.
– Тејлор Свифт е чиста ариевска божица. Таа наликува како да излегла од класичната грчка поезија. Повторно родена божиџа Атина. Исто така, факт е дека таа е тајна обожавателка на нацизмот и едностано чека Трамп да и овозможи без проблеми да ја објави својата ариевска мисија. Најверојатно ќе се омажи за синот на Трамп и тие двајца ќе бидат крунисани како американска аристократија, тврди авторот на еден нацистичкиот блог, Андре Енглин.
Нао ова реагираше потпаролот на Тејлор Свифт, кој остро ги отфрли идеите на Енглин, нагласувајќи дека е згрозен од ваквите тврдења. – Ме интересира од каде сето ова му паднало на памет, изјави портпаролот.