Сцена
Тејлор Свифт: Со години не сум била во врска
Тејлор Свифт (25) зборуваше за нејзиниот личен живот во интервју за „Телеграф“ и рече дека не била со никого во врска со години иако медиумите го тврдат спротивното.
– Моментално сум во некоја друга фаза во животот, кога љубовта не е приоритет. Не сум се забавувала со никого со години, рече таа.
Тејлор рече дека медиумите неколку пати и уништиле пријателство со некој маж, затоа што пишувале дека се во врска.
– Не дозволив да ми го уништат пријатлеството со Ед Ширан. Секогаш не прашуваат дали се забавуваме и дали сме во врска, а всушност ние сме само пријатели.
Пејачката, која ја поврзуваа со Хари Стајлс, Џек Гиленхол, Џон Мајер и Тејлор Лаутнер, зборуваше за тоа како изгледа да се биде под лупа на јавноста.
– Некогаш навистина е чудно. За пет години ќе имам 30 години и сигурно ќе бидам сама, да бидам искрена. Никој не сака да се справи со мојата слава и се што доаѓа со неа. Не знам ни колку врска е можна со ваквиот начин на живот. Порано мислев дека многу е важно да се најде партнер, сега повеќе не мислам така. Сакам само да се забвувам и да ми биде убаво, заклучи Тејлор.