МК Сцена
Теа Трајковска со секси новогодишна фотосесија за крај на 2017 година (ФОТО)
Дефинитивно оваа година што изминува е година на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска. Причини за тоа има повеќе, а две од нив се „Рушевини“ и „Пекол“, песни кои буквално може да кажеме дека се едни од најслушаните за 2017. година.
Доказ за тоа беше и наградата која Теа пред само неколку недели ја освои на радискиот фестивал МАРС, за темата „Рушевини“.
А, за да ја заокружи 2017 година во буквална смисла на зброт, младата пејачка за своите обожаватели подготви и новогодишна фотосесија, за која сме сигурни дека најмногу ќе уживаат нејзините машки фанови.
Фотосесијата ја изработи тимот на „Frozen Time Drops“, а истата беше направена во луксузниот хотел „Опера Хаус“ во Скопје.