Сцена
Теја Дора ќе ја претставува Србија на Евровизија
32-годишната Tеја Дора со песната „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на изборот за песна на Евровизија во Шведска.
Синоќа во Белград се одржа големото финале на српскиот избор за песна на Евровизија. Во финалето се натпреваруваа вкупно 16 натпреварувачи, а врз основа на гласовите од 5-членото професионално жири и телевоутингот, Теја Дора освои вкупно најголем број гласови и на тој начин ќе ја претставува Србија во Малме на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со нејзината песна „Рамонда“.
Според Правилникот за гласање, гласовите на публиката и жирито беа вреднувани подеднакво – 50 и 50 проценти.
Теја Дора беше главен фаворит на жирито, додека миленик на јавноста беше Бресквица со песната „Гнездо орлово“, со освоени повеќе од 45 илјади гласови. На крајот од гласањето, Теја Дора излезе како вкупен победник, откако заврши на второто место од гласањето на публиката и постигна 22 поени вкупно. Бресквица заврши на второто место заедно со Зорја, и двете освоија вкупно по 17 поени, додека Констракта заврши на третото место со 16.
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Малме од 7-ми до 11-ти мај 2024 година, а Србија ќе се претстави во рамките на првата полуфинална вечер закажана за 7-ми мај.
Погледнете го победничкиот настап овде:
https://www.youtube.com/watch?v=SDXB0mXFR34&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fteja-dora-odi-vo-malme-pesnata-ramonda-kje-ja-pretstavuva-srbija-na-evrovizija%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title