Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тејлор Свифт: „Чувствував страв и вина поради откажувањето на концертите во Виена“

Сцена

Тејлор Свифт: „Чувствував страв и вина поради откажувањето на концертите во Виена“

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт сподели изјава на социјалните мрежи во која го коментираше спречениот терористички напад што доведе до откажување на три концерти oд нејзината турнеја во Виена, Австрија претходно овој месец.

„Официјално го завршивме европскиот дел од концертната турнеја „Ерас“. На овие концерти присуствуваа најстрастните посетители, внесовме нови традиции во настапот и вметнавме една сосема нова ера.

Ова беше побурно темпо во споредба со порано и јас сум многу горда на мојата екипа/колеги-изведувачи што успеаја физички да го изведат секое шоу и да ја изградат нашата огромна сцена, да ја срушат и да направат магија да се случи во неколку дена помеѓу закрепнувањето и патувањето. Тие се најимпресивните луѓе и многу сум среќна што го вложија своето време, енергија и екпертиза во оваа турнеја.

Излегувањето на сцената во Лондон беше „ролеркостер“ од емоции. Откажувањето на нашите концерти во Виена беше поразително. Причината за откажувањето ме исполни со ново чувство на страв и огромна вина бидејќи толку многу луѓе планираа да присуствуваат на овие концерти. Но, многу сум благодарна на австриските власти, бидејќи благодарение на нив тагувавме за концерти, а не за животи. Бев трогната од љубовта и единството што ги видов кај обожавателите, е дека се обединија како едно. Решив дека целата моја енергија ќе ја насочам кон тоа да заштитам речиси половина милион луѓе за кои дојдов да настапам во Лондон. Јас и мојот тим работевме ‘рака под рака’ со персоналот на стадионот и британските власти за да ја исполниме таа цел и сакам да им се заблагодарам за сè што направија за нас.“

Свифт штотуку ја заврши серијата концерти на стадионот Вембли во Лондон и европскиот дел од нејзината турнеја. На 7 август, австриските власти објавија дека спречиле терористички напад планиран за најмалку еден од датумите во Виена. Ова го означува првиот јавен коментар на Свифт за инцидентот.

Што се однесува до тајмингот на изјавата на Свифт, таа напиша: „Да бидам многу јасна: нема да зборувам за нешто јавно ако мислам дека тоа би можело да ги испровоцира оние кои би сакале да им наштетат на фановите кои доаѓаат на моите концертин. Во случаи како овој, „молчењето“ всушност покажува воздржаност и чекање да се изразите во моментот кога е правилно. Мојот приоритет беше безбедно да ја завршиме нашата европска турнеја и со големо олеснување можам да кажам дека го направивме тоа“.

Тројца тинејџери се приведени во врска со истрагата и се осомничени дека подготвувале самоубиствен напад.

Полицијата пронашла залихи на хемикалии, експлозивни направи, детонатори и 21.000 евра фалсификувани пари во домот на главниот осомничен, 19-годишниот симпатизер на ИСИС кој бил радикализиран на интернет, соопштија властите.

Младиот човек, кој беше уапсен минатата недела во источниот австриски град Терниц, планирал да убие „голем број луѓе“ во самоубиствен напад, според шефот на домашната разузнавачка агенција, Омар Хајави-Пирчнер.

Свифт треба да ја продолжи својата турнеја во Мајами во октомври.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.