Сцена
Тејлор Свифт си замина дома без ниту една Греми награда
Музичката суперѕвезда Тејлор Свифт беше номинирана во шест категории на овогодинешните Греми награди, меѓу кои и за најдобар албум. Иако многумина очекуваа таа повторно да освои голем број награди, оваа година Тејлор си замина дома со празни раце.
Наградата за најдобар албум на годината ја доби Бијонсе, за нејзиниот албум „Cowboy Carter“. Свифт претходно и врачи друга награда на својата ривалка, а таа не изгледаше разочарана од својот „резултат“ на доделувањето на наградите. Таа во арената Crypto.com во Лос Анџелес ги бодреше сите оние кои освоија Греми.