Сцена
Тони Зен: „Глумат добродушни луѓе за да скријат нешто друго…“
Дали новите генерации умеат да создадат вистинска музика или се работи турбо само за слава? Дали инфлуенсерите што се занимаваат со готвење навистина го сакаат и го прават тоа добро или се работи само за лајк? Новите генерации спроти оние повозрасните, поискусните, во „Нешто конкретно се дружиме со Тони Зен, Иван Ајнштајн, Наде Молеровиќ и Шеф Никола Мишковски. На кои им е полесно денеска со напреднатата технологија, на оние што ги фатија „двете времиња“ или оние што се родија заедно со паметните телефони?
Можеме ли да заклучиме дека новите генерации се понеинтелегентни од оние постарите? Тони Зен ќе каже дека не се сложува. „Инстинктот за преживување надвор и однос надвор човек со човек го немаат или тој респект го немаат, можеби се со главите наведнати или нема да каже респект добар ден, пријатно ова она, но може да направи некаква сонда и да не однесе некаде подалеку, не знам“ рече тој и додаде дека нема ништо против вештачката интелегенција.
Од друга страна Шеф Никола смета дека новото време не отупува, но некако се претопуваме: „Младиве кога ќе седнат не знаат што муабет да прават, ние го немавме тој проблем“, рече тој.
Инфлуенсерот Иван Ајнштајн гордо раскажува дека неговите родители му признале оти за некои работи многу учат од него.
Каков свет би имале кога сите генерации би соработувале заеднички за едно подобро утре? Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17:00 часот на Телма.