МК Сцена
ТОЗИЈА: И јас конкурирав за филмот „Ослободување на Скопје“, но Фондот ме одби
По синоќешната македонска премиера на филмот „Ослободувањето на Скопје“ кој го отвори 37. издание на фестивалот, утрово се одржа прес конференција со дел од екипата на филмот.
На прес конференцијата беа присутни режисерското дуо Раде и Данило Шербеџија, продуцентите Роберт Насков и Горјан Тозија, финскиот копродуцент Арто Халонен, како и актерите Луција Шербеџија, Силвија Стојановска, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски и 11 годишниот актерски талент Давид Тодосовски.
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, а финансиски е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“.
Шербеџија објасни дека одамна сакал да го направиовој филм, а реализацијата на таа идеја започнала штом сценариото, кој самиот го напишал му се допаднало на драматургот Душан Јовановиќ и тој го одобрил.
-Неколку пати бевме одбиени од фондовите, тоа едноставно се случува, но конечно добивме „ветер во грб“ од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“, при што го добивме најголемиот просек за сценариото и максималниот износ – вели Шербеџија.
Тој рече дека него пред се го инттересирала приказната за детето, неговата судбина и поврзаноста на сето тоа во актуелниот контекст кога сите сведочиме на илјадници детски судбини, кои во денешно време време се соочени со војни и уништувања.
-Не е доволна причина некој да изрежира филм само затоа што сака да го оствари својот сон, основното прашање за филмскиот режисер е зошто го правиш тоа и каква порака сакаш да пренесеш. Иако, немам план да продолжам да режирам, вели Шербеџија.
Околу предизвикот на овој филм да соработува со татко му и сестра му, Данило Шербеџија рече дека и нивниот однос за сето време бил многу професионален без оглед на семејните врски.
-Односот бнеше многу професионален, без оглед на семејсните врски татко-син, брат-сестра. Раде повеќе се концентрираше на работата со актерите, а јас со камерата. Повторно би работел со нив во иднина- рече Данило Шебеџија.
За потребите на филмот, било актерите морале да научат германски јазик, посебно оние што немале никакво предзнаење, како Мико Ноусиаинен и Луција Шербеџија. Иако почнале бувкално „од нула“ тимот се согласи дека на крај се’ испадна беспрекорно, а Шербеџија истакна дека актерот може да направи буквално се’
-Од моето искуство како актер, актерот може да направи буквално се’! – рече Шербеџија.
Што се однесува пак на улогата на малиот Зоран, кој ја играше 11-годишниот Давид Тодосовски, после деталниот кастинг Данило и Раде Шербеџија едногласно се согласиле дека тој е вистинскиот избор за филмот. Луција Шербеџија и Силвија Стојановска исто така истакнаа дека се сосем задоволни од актерскиот дел, посебно што Раде Шербеџија одвоил време да му обрне внимание на секој актер посебно.
Публиката беше исто така задоволна од музичкито дел на филмот, па иако композиторите Томас Катерине и Влатко Стефановски од објективни причини не беа во можност да присуствуваат на прес конференцијата, околу нивната соработка Шербеџија објасни дека оваа соработка на двајцата композитори најпрво се случила принудно, бидејќи филмот е македонско – финска копродукција, па сепак, откако двајцата композитори взаемно се запознаеле со своите дела, пронашле многу компатибилен музички сензибилитет и оствариле одлична соработка.
Продуцентот Горјан Тозија при крајот на конференцијата рече дека е задоволен што конечно му се укажала можност да работи на филм во земјата каде што е роден.
-Јас сум многу задоволен бидејќи после долги години, ми беше дозволеново да работам на филм во земјата каде што сум роден. Јас прво конкурирав со моето име и презиме на Фондот, со исто сценарио, ист буџет и истите параметри , но фондот ме одби. Да не се лажеме, овој филм ги има истите параметри како што филмовите вообичаено ги имаат. Да не беше Раде толку близок со Министерската за култура и со бившиот премиер, филмот немаше да се случи и тоа е вистината. Филмските работници, филмот и сите уметници и припаѓаат на слободата, демократијата и вистината и затоа сакам да ги кажувам вистините без оглед на тоа колку не му се допаѓаат некому- рече Тозија.
Раде Шербеџија пак реплицираше дека без оглед на политичките предзнаци уметниците мора да работат и во прилог на општеството е да се најде начин различностите да се надминуваат.
-Јас сум им навистина благодарен на луѓето кои што се задолжени да уптравуваат со средствата за филмот и да дадат поддршка, како и Министерството за култура и Владата на Македонија. Секогаш ќе постојат односите помеѓу уметникот и мецената кој ја потпомага неговата уметност,а вистинскиот мецена мора да го препозне вистинскиот уметник. Но и во суштината на секој уметник исто така е правејќи ја својата уметност да биде на некој начин дисидент. Без оглед на политичките предзнаци,