Музика
Трајче се пласираше во големото финале на „Пинковите ѕвездички“
Вчера се одржа втората полуфинална вечер на шоуто „Пинкови ѕвездички“, во кое нашата ѕвездичка, Трајче Ѓоргиев настапи со песната „Зошто отиде“ од Тоше Проески и повторно успеа да ги придобие гласовите на публиката и да се пласира во големото ФИНАЛЕ кое ќе се одржи на 26-ти јуни.
Покрај Трајче се пласираа и Павле Василевиќ, Игор Лазаревиќ, Валентина Мец, Давид Радосављевиќ, Јован Алексиќ, Исидора Митиќ, Никола Миленковиќ, Лена Стаменковиќ, Ирина Арсенијевиќ, Матеја Вукашиновиќ и Марија Сердар.
Шоуто го напуштија двајца од 14-те учесници и тоа Дуња Јеличиќ и Милица Илич, кои инаку имаа феноменални настапи во изминативе 39 емисии.
Останува да му посакаме многу среќа на Трајче во финалето и не заборавајте да гласате!
https://www.youtube.com/watch?v=npdki9STFD0